Северна Кореја: Ракетните тестови се редовнa и планирана самоодбрана

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја објави дека ракетниот тест е планирана акција против директна воена закана, објавија денеска медиумите.

Loading...

Лансирањето на ракетен тест на Северна Кореја е редовен и планиран чекор со цел обезбедување на одбраната и безбедноста на земјата и регионалниот мир од директните воени закани на САД кои траат повеќе од половина век, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Да потсетиме, во четвртокот наутро Северна Кореја повторно истрела проектил за кој постои сомневање дека е балистичка ракета, соопштија од кабинетот на јапонскиот премиер.

Последното лансирање на проектил дојде еден ден откако американското Министерство за одбрана соопшти дека американските сили спровеле одделни воени вежби со Јапонија и Јужна Кореја како одговор на севернокорејското лансирање на балистичка ракета со долг дострел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр