Земјотрес во близина на нуклеарниот погон на Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето североисточно од севернокорејскиот полигон за нуклеарни тестирања Пунгје-ри.

Loading...

Земјотресот загрижи многу граѓани на Јужна Кореја кои стравуваа дека потресите се предизвикани од тестирање на разорно оружје.

„Тоа беше природно тресење на земјата“, пренесува Танјуг.

Се верува дека Северна Кореја ги завршила подготовките за својата седма нуклеарна проба на полигонот Пунгје-ри, која би била прва од 2017 година.

Можниот датум за тестирањето би можел да биде меѓу 16 октомври и 7 ноември, соопштија јужнокорејските власти минатата недела, повикувајќи се на извештај на разузнавањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Пјонгјанг објави дека неговите ракетни тестови претставуваат самоодбрана од директни воени закани на САД и дека тие не ја загрозуваат безбедноста на соседните земји и регионот.

Северна Кореја пред два дена истрела балистичка ракета во правец на источниот брег.

Последното лансирање следи по заедничките воени вежби на Јужна Кореја и Америка и враќањето на американскиот носач на авиони во регионот.

Loading...

Лансирањето беше шесто во последните 12 дена и прво од минатиот вторник, кога Северна Кореја истрела ракета со среден дострел над Јапонија.