Германија: Се повеќе граѓани во финансиски проблеми

Сподели со своите пријатели

Се повеќе германски граѓани се соочуваат со големи финансиски потешкотии, а цените на енергенсите и на прехранбените производи би можеле дополнително да се зголемат во текот на есента и зимата, соопштено е денеска.

Loading...

„Речиси една третина од германските граѓани, 32 отсто, не можат да издвојат 1.150 евра од финансиите со кои располагаат за ненадејни трошоци, на пример во случај на дефект на автомобил или потреба да купат некој уред“, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика во Визбаден.

Така, групата на овие граѓани е поголема отколку во Франција (27 отсто) или Холандија (15,1 отсто).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Остануваме на одлуката да не испорачаме ракети со долг дострел на Украина

Во другите земји од Европската унија, како Хрватска, Романија, Грција, Кипар и Летонија, процентот на граѓани кои не можат да издвојат средства за ненадејни трошоци од сопствените заштеди надминува 40 проценти.

Во Германија, во 2021 година, две петини од граѓаните располагале со помалку од 22.000 евра годишно.

Што е најскапо?

Експертите сметаат дека материјалната состојба на граѓаните кои претходно имале финансиски проблеми дополнително се влошила за време на пандемијата на коронавирус и во последните месеци поради инфлацијата.

Во септември инфлацијата во Германија изнесуваше 10 отсто, а економскиот институт Ifo предвидува натамошен раст на цените.

„Поскапувањето пред се се однесува на струјата и гасот, но и на другите сегменти“, изјави претседателот на Институтот „Ифо“, Тимо Волмерсхаусер.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Според информациите од овој институт, повеќето трговски ланци планираат да ги зголемат цените во наредните недели и месеци, а истото важи и за рестораните и хотелиерите.

Минатата недела германската влада донесе нов пакет мерки во вредност од 200 милијарди евра, кои преку субвенции за енергенсите би им помогнале на граѓаните и стопанството да ја надминат новосоздадената финансиска состојба предизвикана од поскапувањето, пред се на енергетските производи.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.