Песков објасни како точно Русија ќе ги анектира ДНР и ЛНР

Сподели со своите пријатели

Териториите на Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република ќе станат дел од Руската Федерација во границите од 2014 година, во која Русија претходно ја призна нивната независност, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Руската Федерација ги признава Доњецк и Луганска народна република во границите од 2014 година – рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали „новите територии ќе бидат прифатени во Русија како целина или само деловите што ги контролираат руските вооружени сили“, пренесува РИА Новости.

На прашањето што ќе се случи со „неослободената територија на ДНР“, Песков одговори дека „ќе мора да се ослободи“, бидејќи „наша држава признаена во границите на 2014 година влегува во Руската Федерација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покровск во моментов е главна цел на Русите, стационираа 200 нивни војници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.