Германија следната година ја чека рецесија

Сподели со своите пријатели

Водечките германски економски институти проценуваат дека германската економија следната година ќе влезе во рецесија, се вели во редовната есенска анализа, објавена во четвртокот.

Loading...

„Поради силно зголемените цени на гасот, трошоците за енергија се драстично зголемени, што доведува до масовно намалување на потрошувачката“, стои во т.н. Есенска проценка на водечките економски институти на Германија.

За 2022 година институтите во целина очекуваат економски раст од 1,4 отсто благодарение на подоброто прво полугодие, но предвидуваат намалување на БДП три квартали по ред, почнувајќи од третиот квартал годинава.

Од истиот извештај, произлегува дека вкупните економски перформанси во 2023 година би можеле да забележат пад од 0,4 отсто, а инфлацијата следната година би можела да достигне ниво од 8,8 отсто, што се нивоа што претходно не беа забележани со децении.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

Во пролетната проценка, економистите предвидуваа раст од 3,1 отсто за следната година, а сега во новата проценка предвидуваат пад на БДП од околу 0,4 отсто.

Ситуацијата би можела да се подобри во 2024 година, кога се очекуваат ефектите од стабилизацијата на цената на енергијата.

Но, во исто време се заклучува дека зголемувањето на цената на бензинот за Германија претставува „трајно намалување на благосостојбата“.

Четири од најважните германски економски институти учествуваат во составувањето на Есенската проценка, а исто така и служи на федералната влада да прави свои проценки.

Loading...

Според истражувањето на Германското здружение на трговци на мало (HDE), германските потрошувачи ги менуваат навиките за купување поради поскапувањето на енергенсите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Според тоа истражување, 46 отсто од испитаниците изјавиле дека престанале да купуваат одредени производи, а 60 отсто почнале да обрнуваат повеќе внимание на понудите за да заштедат пари кои сега се трошат на поскапи извори на енергија.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.