Блинкен: Истекувањето на гас нема да влијае на енергетската безбедност на Европа

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека истекувањето на гас од гасоводот Северен тек, според неговото разбирање, нема значително да влијае на енергетската безбедност на Европа.

Loading...

Блинкен на прес-конференција рече дека САД сè уште не ги потврдиле првичните извештаи дека протекувањето може да биде резултат на напад или саботажа.

Тој додаде дека саботирањето на гасоводот нема да биде во ничиј интерес.

Шведската полиција претходно објави дека покренала прелиминарна истрага за можна саботажа на гасоводот „Северен тек 1“ во Балтичкото Море.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.