Кремљ не исклучува можност за саботажа на гасоводите

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков не ја исклучи можноста дека оштетувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ е резултат на саботажа.

Loading...

„Сега не можеме да отфрлиме ниедна опција. Очигледно е дека се работи за некакво оштетување на цевката и не можеме да исклучиме ниту една единствена можност пред да ги добиеме резултатите од истражувањето што е причината“, рече тој во одговор на прашањето на агенцијата Тасс дали саботажа може да предизвика истекување на гас.

Норд стрим АГ, операторот на гасната мрежа, претходно денеска објави дека три морски линии на гасоводниот систем Северен тек претрпеа „невидена“ штета за само еден ден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија

Песков, како што јави агенцијата Ројтерс, исто така изјавил дека Кремљ е многу загрижен поради оваа ситуација, која бара итна истрага бидејќи станува збор за енергетска безбедност „на целиот континент“.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.