Скокнаа цените на гасот поради протекување на гасоводот Северен тек 1

Сподели со своите пријатели

Цените на холандскиот и британскиот гас пораснаа денеска бидејќи веста за оштетување на гасоводот „Северен тек 1“ од Русија до Европа предизвика загриженост за безбедноста на енергетската инфраструктура на ЕУ, при што протокот на гас низ гасоводот изгледа сè поневеројатно брзо да се обнови.

Loading...

Цената на гасот за испорака во октомври (фјучерс договори) на холандската берза се зголеми за 11 евра на 184,50 евра за мегават час во тргувањето до 09:07 часот по средноевропско време, пренесува Ројтерс.

Во исто време, цената на ноемвриските фјучерси на гас во Холандија скокна за 13,85 евра на 203,10 евра за мегават час, додека цената на британскиот гас за ноемвриска испорака се зголеми за 24 пени на 4,08 фунти по британска термална единица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Компанијата Nord Stream AG, оператор на гасната мрежа Северен тек, објави дека системот на овој гасовод, кој минува од Русија по дното на Балтичкото Море до Европа, претрпел „невидена“ штета и дека е невозможно да се процени кога ќе се санира.

Потврда за оштетувањето на „Северен тек 1“ дојде откако претходно беше откриено истекување на блискиот гасовод „Северен тек 2“, што ја натера Данска да го ограничи превозот во радиус од пет наутички милји.

Иако ниту еден од двата гасоводи во моментов не ја снабдува Европа со гас, овие инциденти предизвикаа загриженост за безбедноста на гасната инфраструктура во европскиот блок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

„Истекувањето на гас „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ на три одделни локации не звучат како случајност. Времето на овој развој во светло на почетокот на зимската гасна сезона на 1 октомври, како и пуштањето во употреба на сосема нов балтички гасовод што ќе испорачува норвешки гас во Полска, преориентиран од руските линии – сето тоа ја зголемува тензијата во пазар“, изјави Том Марзец-Мансер, шеф за анализа на гас во ICIS, пренесе Танјуг.

Оштетувањето на руските гасоводи настанало во време кога подоцна денеска треба да биде отворен Балтичкиот гасовод со годишен капацитет од 10 милијарди кубни метри дневно, забележува британската агенција.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Протокот преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска од Германија скокна денеска, додека протокот на гас од Русија кон Европа преку Украина остана на непроменето ниво.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.