Песков: Контактите со САД за нуклеарно оружје се спорадични

Сподели со своите пријатели

Контактите меѓу Москва и Вашингтон во врска со нуклеарното оружје се на соодветно ниво, но тие се одвиваат спорадично, изјави на денешниот брифинг со новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека Вашингтон наводно е во постојан контакт со Москва поради неодамнешната изјава на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за нуклеарното оружје, пренесува ТАСС.

На новинарско прашање на кое ниво се овие контакти, Песков одговори дека се на „соодветно ниво“.

„Има канали за дијалог, но разговорите се водат спорадично, што во најмала рака овозможува размена на итни информации за меѓусебните позиции (и потези)“, рече Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија бомбардираше болница во Харков. 30.000 луѓе без електрична енергија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.