Шестмина убиени во пукање во училиште во Русија

Сподели со своите пријатели

Во престрелка денеска во училиште во рускиот град Ижевск, шест лица загинаа, а околу 20 се повредени, соопшти полицијата.

Loading...

Според достапните податоци, напаѓачот се самоубил, пренесува РИА Новости.

Претходно локалниот функционер Александар Бречалов објави дека меѓу жртвите во престрелката во училиштето во Ижевск има и деца.

Тој изјавил дека непознат човек влегол во училиштето и го убил чуварот, а меѓу учениците има и мртви и ранети.