Ако ЕУ воведе визи за Русите, Москва ќе одговори

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги осуди плановите на ЕУ за разгледување на визните ограничувања за руските државјани.

Loading...

Тој ги смета визните ограничувања како „лудост“ и нагласи дека Москва ќе одговори доколку тие планови се остварат, пренесува ТАС С.

„Секој потег на Брисел и другите европски престолнини покажува целосен недостаток на секаква смисла“, рече Песков запрашан да ги коментира плановите на ЕУ за дискусија на оваа тема.

Портпаролот на Кремљ исто така нагласи дека идејата на европските земји да им забранат шенген визи за Русите, доколку се имплементира, нема да остане без одговор, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН тврдат: Руските напади врз украинската енергетска мрежа го прекршуваат хуманитарното право

„Ваквите чекори на ЕУ би биле директно насочени против граѓаните на Русија“, рече Песков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.