Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека не ја поддржува идејата за целосна забрана за издавање визи за Русите.
„Тоа е многу контроверзен предлог. Некои земји веќе презедоа мерки во овој поглед, други нема да го поддржат. Мислам дека не е добра идеја да се забранат сите Руси. Треба да бидеме поселективни“, рече Борел на почетокот на дебатата за иднината на Европа во Сантандер, Шпанија.
Тој вели дека на најголемите руски бизнисмени не треба да им се дозволи влез во ЕУ, но дека има многу Руси „кои сакаат да ја напуштат земјата и кои не се подготвени да бидат таму во таква ситуација“.
„Не можеме да им ја затвориме вратата на овие Руси. Мислам дека тоа не е добра идеја“, рече Борел.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.