Шојгу: Идејата за забрана Руси да влезат во ЕУ е нацистичка

Сподели со своите пријатели

Идејата за забрана за влез на сите руски граѓани во ЕУ е манифестација на нацистичката политика, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Loading...

„Денес сме сведоци на уште една јасна манифестација на нацистичката политика, кога високи европски функционери ја туркаат русофобната идеја за блокирање на влезот во земјите на ЕУ на сите Руси“, рече Шојгу за време на своето обраќање на состанокот на првиот меѓународен анти- Фашистички конгрес во Москва, пренесува ТАСС.

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис оваа недела повика на суспендирање на издавањето визи за руските граѓани ширум Европската унија, објавија литванските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Забраната е поддржана од земји како Финска и Естонија, но против се германскиот канцелар Олаф Шолц и Европската комисија.

Чешката Република, актуелното претседавање со ЕУ, најави дека за ова прашање ќе се разговара на министерски состанок на крајот на август.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.