Русија: Украина планира „провокации“ во Запорожје за време на посетата на Гутереш

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот руското Министерство за одбрана ја обвини Украина дека планира „провокација“ во нуклеарната централа Запорожје на 19 август, за време на планираната посета на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јавуваат руските медиуми.

Loading...

Москва тврди дека украинската артилерија планира да отвори оган врз електраната, за потоа Киев да ја обвини Русија дека го предизвикала нуклеарниот инцидент.

Од крајот на јули, двете страни се обвинети за гранатирање во близина на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.

Руското Министерство тврди дека нема тешко руско оружје во нуклеарната централа, која сега е под контрола на Москва, ниту во блиската област.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

„Таму има само единици кои го обезбедуваат просторот“, се нагласува во соопштението.

Министерството нагласи дека „руските вооружени сили ги преземаат сите неопходни мерки за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје“.

Заради безбедност на нуклеарната централа и за олеснување на инспекцијата, Антонио Гутереш и САД минатиот четврток повикаа на воспоставување демилитаризирана зона околу централата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...