Во следните два или три месеци може да има нови напади слични на „мистериозните“ напади извршени вчера на железнички јазол и воздухопловна база на Крим и минатонеделниот напад врз руските воени авиони на аеродромот Саки, изјави Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Русија објави дека вчерашниот пожар предизвикал експлозии во складиште за муниција во областа Џанкој на Крим – инцидент кој, како што рече Подољак, потсетува на експлозии во складиште во Крим окупиран од Русија, јави Танјуг.
Украина не ја презеде одговорноста за нападите, поради кои руските туристи панично избегаа од Крим.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека се занимава со случаи на саботажа и ги презема неопходните мерки за да се спречат ваквите епизоди.
Подољак, исто така, сигнализираше дека Украина го смета Кримскиот мост, кој го поврзува полуостровот со руското копно, за легитимна воена цел.
„Тоа е дивоградба и главната порта за снабдување на руската армија на Крим. Таквите предмети треба да се уништат“, нагласи тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.