Две лица повредени во експлозијата на Крим

Сподели со своите пријатели

Во пожарот предизвикан од експлозија на муниција, што утринава избувна во руската воена база на Крим, украинскиот црноморски полуостров припоен од Русија, две лица се повредени.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека пожарот избувнал утринава околу 3:15 часот по средноевропско време во складиштето за муниција во руската база на Крим.

Гувернерот на Крим Сергеј Аксинов изјави дека двајца цивили се повредени.

Слична експлозија неодамна се случи во складиште за муниција на воениот аеродром на Крим. Во таа експлозија едно лице загина, а едно е повредено.

Руската војска тогаш рече дека размената на оган или бомбардирањето не била причина за експлозиите, како што првично објавија властите на Крим, додека украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников одби да коментира дали неговата војска била вмешана, велејќи дека тоа било предизвикано од лошо изгаснати цигари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покровск во моментов е главна цел на Русите, стационираа 200 нивни војници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.