Шведска: Одлуката за влез во НАТО не е најсреќна, но е неопходна

Сподели со своите пријатели

Шведскиот министер за финансии Микаел Дамберг изјави дека иако одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор поради војната во Украина.

Loading...

Како што изјави шведскиот министер за Си-Ен-Ен, рускиот напад врз Украина ги поттикна луѓето да размислуваат дали тие ќе бидат следниот.

„Мораме да се браниме, а тоа го правиме подобро заедно со другите европски и американски партнери. Досега се оди добро и очекуваме сите земји да ги пречекаат Шведска и Финска како членки на НАТО“, рече Дамберг.

Тој ја коментираше и економската состојба во Шведска и рече дека не е сигурен како ќе се движи економскиот раст во следните неколку месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зошто го исклучи доводот на гориво?“ Мистериозен разговор на пилотите од индискиот Боинг во кој загинаа 260 луѓе

„Луѓето се подготвуваат за потешки времиња“, изјави Дамберг, пренесува Танјуг.

Американската телевизија објави дека инфлацијата во Шведска е највисока во последните 30 години.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.