Запорожје: Во напад оштетени неколку сензори за радијација

Сподели со своите пријатели

Евидентирано е ново гранатирање на украинската нуклеарна централа во Запорожје, а Украина и Русија повторно меѓусебно се обвинуваат за нападот.

Loading...

Двете страни објавија дека во четвртокот имало 10 удари во канцеларијата и противпожарната станица на најголемата европска електрана.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН, шефот на нуклеарното надзорно тело Рафаел Гроси предупреди дека ова е сериозен момент.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека „ние сме на работ на катастрофа“.

Кина и САД побараа веднаш да им се дозволи на експертите на ОН да ја посетат фабриката.

САД, исто така, повикаа на формирање на демилитаризирана зона околу централата.

„Борбата во близина на нуклеарна централа е опасна и неодговорна“, соопшти Стејт департментот.

Рускиот претставник во ОН рече дека демилитаризацијата не е опција, сугерирајќи дека таа ќе го направи објектот „поранлив на провокации и терористички напади.

Loading...

Украинската нуклеарна агенција Енерхоатом наведува дека „руските напаѓачи повторно ја гранатирале електраната Запорожје и областа во близина на нуклеарната централа“ и дека била погодена административната канцеларија.

 Додаваат дека се оштетени неколку сензори за радијација. Избувнал мал пожар, но нема повредени.

Енерхоатом објави дека цел била и противпожарната станица лоцирана во близина на електраната.

Поради гранатирањето не можело да се смени персонал по смената, па морале да продолжат да работат прекувремено.

„Но, ситуацијата во моментов е под контрола“, рече Енерхоатом.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.