Работниците во нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русите, за Би-Би-Си изјавија за условите во кои живеат во електраната, која руските војници ја користат како воена база.
Како што раскажува Свитлана, на работниците секојдневно им се заканува киднапирање и нивниот работен ден е постојан стрес, а освен заканите од руските војници, секогаш се во страв од радиоактивна контаминација или нуклеарна катастрофа.
– Тешка е психолошката ситуација. Војниците шетаат насекаде со пушки и сите ние сме всушност на нишан. Минатата недела не можев да дојдам ни на работното место, опасно е. Во саботата имаше гранатирање на фабриката за азот/кислород, што предизвика пожар. По некое чудо луѓето кои работеле таму преживеале – изјавила Свитлана за Би-Би-Си.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.