Кина: Акциите на САД во врска со Тајван укажуваат на ширење на НАТО кон исток

Сподели со своите пријатели

Акциите на САД во однос на Тајван покажуваат дека Западот почнал да го применува концептот за проширување на НАТО кон исток, изјави кинескиот амбасадор во Русија Џанг Ханхуи.

Loading...

Во интервју за ТАСС, Џанг рече дека Кина нема да дозволи САД да дејствуваат на меѓународната политичка сцена според „законите на џунглата“.

„Немешањето во внатрешните работи на другите земји е основен принцип за одржување на мирот и стабилноста во нашиот свет и не можеме да дозволиме правото на џунглата повторно да доминира во транснационалните односи“, посочи кинескиот амбасадор.

Тој потсети дека неколку пред неколку дена, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочи дека „САД се обидуваат да ја покажат својата неказнивост пред светот“, оценувајќи дека политиката на Вашингтон може да се опише како „ние правиме што сакаме“.

„Кина вложи напори да ја спречи кризата“

„Би сакал директно да им порачам на САД дека Кинезите никогаш нема да дозволат странските сили да ги заплашуваат, малтретираат или робуваат. Кина направи максимални дипломатски напори да ја спречи оваа наметната криза“, нагласи кинескиот дипломат, пренесе Танјуг.

Џанг Ханхуи предупреди дека Пекинг никогаш нема да дозволи САД да им наштетат на виталните интереси на Кина или да го поткопаат процесот на национално заживување.

„САД играат на картата на Тајван поради своите домашни политички причини и платеничките интереси на одредени американски политичари. САД се обидуваат да ги подигнат тензиите, да предизвикаат конфронтации и поделби во регионот“, предупреди кинескиот дипломат.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...