Денеска итна седница на Советот за безбедност

Сподели со своите пријатели

Рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, вчера изјави дека Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.

Loading...

Седницата ќе се одржи денеска во Њујорк, јави Би-Би-Си.

Улјанов ја обвини Украина дека создава вештачки пречки и тешкотии за потенцијалната мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа Запорожје.

Во март 2022 година, руските сили го зазедоа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори кои работат, а централата сега работи со капацитет од 70 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пука икраинската одбрана околу Покровск. „Ова е пекол“

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во понеделникот изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на централата.

Руската воено-цивилна управа на Енергодар соопшти дека на 7 август Киев истрелал ракета „Ураган“ од 220 милиметри со касетна боева глава, чии делови оштетиле административни згради и околната територија на складиштето, а пред тоа украинската армија бомбардирала Запорожје на 5 и 6 август.

Русија очекува генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да преземе чекори за да се овозможи посета на претставници на МААЕ на нуклеарната централа Запорожје, најави вчера претставникот на руското Министерство за неширење и контрола на оружјето, Игор Вишневски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лула да Силва: Путин, оди во Истанбул да преговараш

Амбасадорот на Украина во МААЕ, Евгениј Цимбаљук, во понеделникот изјави дека руските сили сакале да предизвикаат затемнување во јужниот дел на Украина со гранатирање на нејзиниот нуклеарен комплекс во Запорожје.

Loading...

Тој ја покани МААЕ овој месец да го посети објектот во Запорожје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.