Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, рече дека нејзината посета на Тајван е исплатлива и дека САД не можат да дозволат Кина да го изолира островот.
Loading...
„Не можеме да дозволиме кинеската влада да го изолира Тајван. Тие нема да кажат кој може да оди во Тајван“, изјави Пелоси за NBC.
Ненси Пелоси на 2 август го посети Тајван, што веднаш беше осудено од Пекинг, а два дена подоцна кинеската војска одржа воени вежби околу островот.
За време на нејзината посета на средбата со претседателот на Тајван Цаи Инг-вен, Пелоси рече дека САД нема да го напуштат Тајван.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.