Пекинг потврди дека продолжува со маневри околу Тајван

Сподели со своите пријатели

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина денеска објави дека продолжува со заедничките воени вежби во морето и воздушниот простор околу островот Тајван, со фокус на блокадите и логистиката за снабдување, пренесува Ројтерс.

Loading...

Околу 20 кинески и тајвански воени бродови утринава се приближија до централната линија на Тајванскиот теснец, изјави за британската агенција извор запознаен со ситуацијата.

Според тој извор, некои кинески бродови повремено се обидувале да влезат во неофицијалната „тампон зона“, додека тајванските бродови ги следеле нивните движења.

Слични маневри во близина на островот се изведуваат од почетокот на големите воени вежби на кинеската војска со употреба на боева муниција на 1 август.

Извор запознаен со безбедносната ситуација во регионот изјави и дека неколку кинески бродови утринава извршиле мисии во близина на источниот брег на Тајван, пренесе Ројтерс.

Кинеската војска ги започна вежбите минатата недела, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.