Приведен кумановец оти поседувал пушка без дозвола

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тригодишен кумановец од селото Романовце утринава бил приведен бидејќи полицијата му открила пушка во домот што ја поседувал без дозвола.

Loading...

– На 04.08.2022 во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода М.М.(63) од село Романовце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена пушка која ја поседувал без дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Ноќеска се менува часовникот!

Никола Ивановски