Волстрит под притисок на геополитичките тензии околу Тајван

Сподели со своите пријатели

Волстрит падна во немирно тргување во вторникот, втор ден по ред, главно под влијание на геополитичките тензии предизвикани од посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, и покрај кинеските предупредувања.

Loading...

Во вторникот индексот Dow Jones падна за 402,23 поени, или 1,23 отсто, на 32.396 поени, индексот S&P 500 падна за 0,67 отсто, на 4.091 поен, а Nasdaq за 0,16 отсто, на 12.348 поени.

Посетата на Пелоси е демонстрација на солидарноста на САД со Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија, поради што ја осуди првата ваква посета во последните 25 години, велејќи дека Америка ги загрозува мирот и стабилноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силна експлозија во фабрика во Болоња, едно лице загина

На вчерашниот пад на S&P најмногу влијаеше корекцијата на цената на акциите на Microsoft и Visa, за 1,1 и 2,4 отсто, бидејќи тие компании се силно изложени на кинескиот пазар.

Последните податоци на американското Министерство за труд за падот на новите вработувања во јуни во САД за 5,4 отсто, пак, ги предупредија инвеститорите дека побарувачката на пазарот на трудот се намалува.

Цената на акцијата на индустрискиот гигант Caterpillar вчера значително падна, за цели шест отсто, откако предупреди на поголем пад на побарувачката за своите багери во Кина погодена од кризата со недвижности, додека веќе се соочува со нарушени синџири на снабдување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Револуција во Норвешка: Социјалните мрежи се забранети за луѓе на оваа возраст

Но, цените на акциите на американската воена индустрија – Raytheon Technologies, Lockheed Martin, Northrop Grumman и L2Harris Technologies, најголемите извозници на оружје во Тајван, скокнаа прилично, од 0,5 на 2,3 отсто.

Сепак, најголем добитник беа акциите на Uber, кои пораснаа за дури 19 отсто, бидејќи компанијата за споделување на возење ја објави својата прва добивка од своето основање во вториот квартал.

Loading...

Најтргувана сепак беше акцијата на Tesla, која во вторникот оствари промет од 28,7 милијарди долари, а нејзината цена порасна за 1,1 отсто откако Citigroup го подигна целното ниво на цени на производителот на електрични возила.

На европските берзи вчера повторно се забележани загуби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшна бура ги опустоши Филипините, најмалку 26 загинати (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.