Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе потпише извршна наредба со цел да им олесни на жените кои бараат абортус да патуваат од една американска држава во друга за процедурата.
Наредбата ќе им овозможи на државите кои не го забраниле абортусот да аплицираат за откажување што ќе им помогне да абортираат на жени кои патувале од друга американска држава, рече висок функционер кој сакаше да остане анонимен.
Наредбата, исто така, ги повикува давателите на здравствени услуги да се усогласат со федералните закони за антидискриминација и да го насочат собирањето клучни податоци за здравјето на жените.
Бајден учествува во лансирањето на федералната работна група за пристап до репродуктивна нега, која ќе ја предводи американскиот потпретседател Камала Харис.
Наредбата што Бајден ќе ја потпише е најновата во мерките на неговата администрација за заштита на правата на абортусот.
Врховниот суд на САД претходно оваа година ја поништи пресудата со која се гарантира уставното право на абортус во САД на федерално ниво.
Одлуката на судот и овозможи на секоја американска држава сама да одлучи дали и под кои услови ќе дозволи абортуси.