Тајван преговара за нови авиорути поради Кина

Сподели со своите пријатели

Тајван преговара за алтернативни воздушни рути со соседните Јапонија и Филипините, откако Кина објави дека како одговор на посетата на Ненси Пелоси на Тајван, ќе одржи поморски воени вежби со боева муниција околу островот зависен од трговијата, пренесува CNN.

Loading...

Да потсетиме, Кина синоќа најави почеток на воени вежби во водите околу Тајван како одговор на посетата на претседателот на Претставничкиот дом на САД, исто како „низа насочени воени операции“.

Тоа го соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на Тајван, реагирајќи на кинеската најава за воени вежби, соопшти дека тоа е практично „морска и воздушна блокада на островот“, што ќе ги загрози и меѓународните поморски патишта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дванаесет рудари затрупани по уривање на рудник во Пакистан

Тајванското биро за поморски работи денеска издаде три предупредувања до трговските бродови, барајќи од нив да користат алтернативни поморски патишта до седумте тајвански пристаништа низ островот.