Напад со нож во градинка во Кина: Најмалку тројца убиени

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а шест се повредени денеска во напад со нож во градинка во југоисточната кинеска провинција Џиангкси.

Loading...

„Напаѓач со капа и маска упадна во приватна градинка во округот Анфу околу 10 часот по локално време“, соопшти локалната полиција на Веибо, кинеска социјална мрежа слична на Твитер.

Таа додаде дека 48-годишниот осомничен се уште е во бегство, пишува Alarabya News. Засега не е соопштена возраста на жртвите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Русија тивко се обидува да ја добие наклонетоста на светот надвор од Западот