Кина им се закани на британските пратеници доколку одат во Тајван

Сподели со своите пријатели

Кинескиот амбасадор во Велика Британија Џенг Зегуанг ги повика британските политичари „да не играат како што играат САД“ и вети „тешки последици“ доколку британските пратеници стапнат во Тајван.

Loading...

Говорејќи на прес-конференција во Лондон во вторникот, кинескиот амбасадор ја потсети британската влада на заедничката изјава што двете земји ја потпишаа во 1972 година, кога почнаа да разменуваат амбасадори, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

Неговите коментари дојдоа откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ја започна контроверзната посета на Тајван, остров кој Кина го смета за своја суверена територија.

Пелоси рече дека целта на нејзината посета е да покаже солидарност со Тајван, иако официјален Пекинг упати низа предупредувања и закани во врска со нејзината посета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Копијата на Граѓанскиот законик на Наполеон ќе се најде на аукција во Париз во март

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека Народноослободителната армија на Кина е ставена во „висока готовност“.

Пекинг, исто така, најави серија насочени воени операции, вклучително и ракетни тестови во водите источно од Тајван и четиридневни поморски маневри околу островот веднаш по заминувањето на Пелоси.

Кинескиот амбасадор во Велика Британија, Џенг Зегуанг, предупреди дека мешањето во внатрешните работи на Кина неизбежно ќе доведе до тешки последици за односите меѓу Кина и Велика Британија.

– Ја повикуваме британската страна да се придржува до заедничката изјава… да не ја потценува крајната чувствителност на прашањето на Тајван и да не ги следи чекорите на САД. Како што кажав, оние што си играат со оган може да изгорат – рече амбасадорот Женг Зегуанг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците откриваат што ги предизвика историските пожари во Лос Анџелес

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.