Седум лица, меѓу кои пет деца, загинаа во сообраќајна несреќа предизвикана од возило кое се движело во погрешна насока на автопат во северниот дел на американската сојузна држава Илиноис, соопштија локалните власти, пренесува ABC7Chicago.
Loading...
Сообраќајната несреќа се случи утринава на автопатот 90 на околу 50 милји од Чикаго.
Државната полиција соопшти дека комбето што ја предизвикало несреќата се движело на погрешен пат по автопатот.
Една жена и пет деца загинале во комбето, а друга жена загинала во друго возило, соопшти државната полиција на Илиноис.