Поплави однесоа најмалку 10 животи во Уганда (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку десет лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во источна Уганда, каде што беа потопени куќи и патишта, соопшти денеска Црвениот крст.

Loading...

Во соопштението се вели дека жртвите живееле во областите Капчорва и Мбала.

 

 

 

Локалните медиуми јавуваат дека билансот на загинатите не е конечен.

Жителите на Мбала и другите области се особено ранливи на поплави бидејќи изградија куќи на бреговите на реките и на падините на планината Елгон.

 

Loading...

 

 

Стотици жители се одзваа на повикот на властите да се преселат, но некои одбија бидејќи не сакаа да ја напуштат својата земја од предците.