Леонтиев: Украинската армија ја гранатираше хидроелектраната во Херсон

Сподели со своите пријатели

Вооружените сили на Украина го гранатираа градот Новаја Каховка во областа Херсон, вклучително и хидроелектраната, изјави денеска шефот на локалната воено-цивилна администрација Владимир Леонтиев.

Loading...

„Вооружените сили на Украина уште еднаш ја гранатираа не само хидроцентралата, туку и градот. Имаше пожар во близина на градот, изгоре тревата“, изјави Леонтиев за ТАС С.

Тој додаде дека при гранатирањето нема сериозни повреди и дека хидроцентралата е целосно во функција.

Регионот Херсон се наоѓа на југот на Украина и се граничи со Крим.

Во средината на март руското Министерство за одбрана објави дека регионот е под целосна контрола на руската војска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

ТАС С додава дека локалните власти изразиле желба да се приклучат на Руската Федерација и дека украинската армија редовно ги гранатира населбите во областа Херсон, откако Киев ја загуби контролата врз таа област.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.