Песков: Разговорот меѓу Путин и Бајден во моментов не е планиран

Сподели со своите пријатели

Засега нема планови за организирање телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Нема такви планови“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали по разговорот меѓу Ентони Блинкен и Сергеј Лавров може да следи разговор меѓу претседателите на Русија и Америка, пренесе ТАС С.

Претходно, според портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, Русија го прифатила американското барање за средба меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Шолц не сака да испорача Таурус во Украина?