Западни медиуми: Се појави видео од руски војник како кастрира Украинец

Сподели со своите пријатели

Застрашувачка снимка, која се појави на социјалните мрежи во четвртокот, наводно прикажува еден украински затвореник како е кастриран од руски војници, пишуваат западните медиуми.

Loading...

Западните медиуми не можеа да ја утврдат автентичноста на видеото, но наведуваат дека е објавено на проруски канал на Телеграм, а потоа почнало да се шири на социјалните мрежи.

На видеото, велат тие, се гледа човек со црна капа, за кој се верува дека е руски војник или доброволец, како осакатува човек за кој се верува дека е заробен украински војник.

Жртвата на видеото носи маскирна униформа, слична на онаа што ја носат украинските војници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Следниот Чернобил “: Најновите руски напади врз Украина може да доведат до катастрофа за светот

Устата на несреќниот човек е затната, а рацете му се врзани, додека тој беспомошно лежи на подот додека маж во руска униформа, со ознака „З“, му ја сече облеката со скалпел, а потоа го кастрира додека пцуе на руски.

На видеото се гледаат уште најмалку двајца мажи, за кои исто така се верува дека се руски војници. Видеото е многу шокантно, поради што секако нема да го пренесеме.

Иако не е јасно кога е снимена снимката, се чини дека на снимката што ја објави РТ во јуни се наоѓа и човекот со шешир, кој брутално го кастрира мажот.

Во таа снимка се гледа како војник носи снајперска пушка додека поминува покрај хемиската фабрика Азот во Северодонецк, откако Украинците се повлекле од градот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека го погодила командното место на руската армија во Белгород

Видеото е објавено и на телеграмскиот канал РИА Новости, а руската новинска агенција го идентификува човекот како член на чеченскиот баталјон Ахмат, кој и помага на руската армија.

Русија зароби илјадници војници и доброволци во петте месеци колку што трае конфликтот во Украина.

Во средината на мај, околу 2.500 украински војници од Мариупли се предадоа, а огромното мнозинство од оние кои ја штитеа фабриката за челик Азовстал беа испратени во затворска колонија, која е на околу 60 километри од градот.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека собирал информации за војниците и ги регистрирал како воени заробеници откако ја напуштиле фабриката за челик, за да обезбеди хуман третман според Женевските конвенции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган се противи на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

МКЦК и порача на Русија дека мора веднаш да добие пристап до сите воени заробеници на сите места каде што се држат.

Откако Кремљ ја започна својата инвазија на Украина, имаше неколку обвинувања за воени злосторства против руски војници.

Владата на Владимир Путин категорично го демантираше сето тоа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...