Американскиот Сенат бара Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“

Сподели со своите пријатели

Американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно ја одобри необврзувачката резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ за нејзините дејствија во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија, пишува Њујорк Тајмс.

Loading...

Во резолуцијата, усвоена во средата, се тврди дека „вооружените сили на Руската Федерација извршиле бројни кратки егзекуции на невини цивили и се обиделе да ги прикријат злосторствата со масовни гробници низ Украина“.

Претставничкиот дом, Долниот дом на Конгресот, претходно усвои слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја за спонзор на тероризмот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ги предупредува граѓаните да се подготват за Трета светска војна

И покрај тоа, усвојувањето на резолуцијата во Сенатот врши дополнителен притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден од страна на конгресмени да ја додаде Русија на листата на држави спонзори на тероризмот, на која веќе се Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.