Нехамер: Руското ембарго за гас е невозможно, ЕУ ќе си наштети

Сподели со своите пријатели

Состојбата во Украина покажува дека санкциите против Русија не функционираат толку брзо како што се надеваше Европската унија, потребно е време, изјави во четвртокот австрискиот канцелар Карл Нојхамер и посочи дека Австрија отсекогаш се залагала дека економските ограничувања носат поголема штета на оние на кои им се наметнуваат отколку на оние кои ги воведуваат.

Loading...

– Затоа ставот на Австрија е дека ембаргото за гас е невозможно. Тоа не е само затоа што ние како Република Австрија сме зависни од рускиот гас, туку и германската индустрија зависи од него и, доколку ја загуби стабилноста, истото ќе се случи и со австриската индустрија – рече Нехамер на прес-конференција во Виена по разговорите со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Писториус е попопуларен од Шолц

Нехамер смета дека „интелигентните“ санкции против Русија, кои вклучуваат мерки против нејзината економија, ќе функционираат, но дека за тоа ќе биде потребно време.

Унгарскиот премиер посочи дека Унгарија се уште се противи на ембаргото за увоз на гас од Русија во Европската унија и оти не е сама во тоа.

– Стоиме пред ѕид наречен „гасно ембарго“. И предлагам на Европската унија да не го напаѓаат, не сум сам во ова прашање – изјави Орбан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.