Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е сигурен во победата над Русија, по повод одбележувањето на Денот на државноста на Украина.
„Беше ужасно утро полно со ракетен терор, но Украина нема да се откаже“, рече Зеленски во Киев.
Тој на граѓаните им го честита Националниот ден кој се одбележува за прв пат и е поинаков празник во однос на Денот на независноста 24 август.
„Украина е независна, слободна и неделива земја. Така ќе биде засекогаш“, нагласи Зеленски. Заедно со пораката објави и видео за борбата против руските окупатори.
„Земјата се бори за слобода“, рече тој.
„Изгубивме околу 20 проценти од територијата“
Во војната, која влезе во шестиот месец, Украина загуби околу 20 отсто од својата територија, рече претседателот и го повика Западот да испрати уште тешко оружје.
Со новиот празник, кој Зеленски го прогласи минатата година, Украина се бори против руските тврдења дека не е вистинска, туку вештачка држава.
Зеленски одлучно го отфрли неколку пати.
Во меѓувреме се интензивира украинската контраофанзива во јужниот регион Херсон, соопшти британското Министерство за одбрана во Лондон.
„Се чини дека нивните сили воспоставија мост јужно од реката Ингулец, која ја претставува северната граница на делот од Херсон што го држат Русите“, се вели во соопштението. Ингулец е притока на реката Днепар.
Украинските сили со артилерија испорачана од Западот оштетија најмалку три моста на реките Днепар преку кои Русија ги снабдува окупираните територии, се додава.
Еден од нив е километарскиот мост Антонивски во близина на градот Херсон, кој повторно беше погоден во средата и веројатно е неупотреблив, велат Британците.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.