Потврден првиот поголем успех на Русите за три недели

Сподели со своите пријатели

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Зеленски, потврди дека руските сили ја освоиле втората по големина електрана во Украина.

Loading...

Покрај тоа, тој рече дека Русите испраќаат „огромно засилување“ во трите јужни региони за да се спротивстават на украинската контраофанзива.

Русите вчера објавија дека ја зазеле електраната Вухлехирска. Ова е прв голем успех на руските сили за повеќе од три недели.

Арестович потврди дека електраната паднала во руски раце, велејќи дека тоа е „мала тактичка предност“ за руската страна.

Тој исто така рече дека Русите испраќаат „огромно засилување“ на југ за да се одбранат од украинската контраофанзива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Замрзнат конфликт во Украина не е опција за Русија

– Русите испраќаат војници во Мелитопол, Запорожје и Херсон, додаде тој.

Да потсетиме, Украина јасно стави до знаење дека има намера да го ослободи целиот Херсонски регион, кој беше освоен од Русите на почетокот на војната.

Олексиј Данилов, генералниот секретар на Советот за одбрана и национална безбедност на Украина, изјави дека Русија испраќа „максимален број војници“ во насока на Херсон.

Loading...

Арестович, исто така, рече дека операцијата на Украина за ослободување на Херсон „веќе е започната“ по вчерашниот удар на мостот Антонивиски, кој е на клучната руска рута за снабдување со Херсон.

„Правиме се за да обезбедиме окупаторите повеќе да немаат никакви логистички патишта во нашата земја“, рече украинскиот претседател Зеленски во синоќешното обраќање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ја затворија амбасадата во Киев поради потенцијален напад

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.