Советот за безбедност на Обединетите нации не можеше да се договори за изјавата со која се поздравува минатонеделниот договор меѓу Москва и Киев од Истанбул, со кој се деблокира извозот на жито и ѓубрива од Украина и Русија, изјави денеска за АП норвешката амбасадорка Мона Јул.
Изјавата, исто така, ја поздравува улогата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и турската влада за нивното учество во постигнувањето на договорот.
„Норвешка и Мексико работеа со денови за да го обединат СБ во една порака која ќе го поздрави овој важен договор со кој ќе продолжи извозот на жито, храна и ѓубрива преку Црното Море. Жалиме што тоа не беше можно“, рече Јул.
Русија и Украина минатиот петок потпишаа посебни договори со Турција и ОН, отворајќи го патот на Украина да извезе 22 милиони тони жито и други земјоделски стоки заглавени во пристаништата на Црното Море поради руската блокада.
Договорот предвидува и руската храна и ѓубриво да имаат неограничен пристап до светскиот пазар.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.