Русите првпат се огласија за Виница: Нападот имал воена цел

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана, без да обезбеди докази, тврди дека вчерашниот ракетен напад врз Виница бил насочен кон воена цел – состанок на командата на украинските воздухопловни сили.

Loading...

„На 14 јули, проектили со висока прецизност „Калибр“ ја погодија зградата на офицерската гарнизонска куќа во градот Виница. Во моментот на нападот, во овој воен објект се одржуваше состанок на командата на украинските воздухопловни сили со претставници на странски добавувачи на оружје за прашањата за пренесување на следната серија авиони и оружје на силите на Украина, како и организирање на ремонт на украинската воздухопловна флота. Како резултат на нападот, учесниците на состанокот се уништени“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски команданти разрешени и уапсени, лажеле за успесите на бојното поле

Повеќе од 70 лица се во болница по нападот во град во централна Украина во кој загинаа 23 лица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече рускиот напад врз Виница „отворен терористички чин“.

Во видео обраќањето на конференцијата во Хаг, Зеленски ги повика претставниците на европските и меѓународните кривични судови да отворат „специјален трибунал“ за истрага на руската инвазија на неговата земја.

Потсетуваме, во нападот на Виница загина четиригодишно девојче. На социјалните мрежи кружат видеа од неа непосредно пред нападот.

На шокантната снимка се гледа како малата Лиза Дмитриева лежи мртва во превртена количка. Нејзината мајка Ирина е тешко повредена.

„Девојчето е меѓу загинатите во Виница, имаше четири години, се викаше Лиза. Детето имаше четири години“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган се противи на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

„Нападот на Виница е одобрена воена стратегија“

Висок украински функционер рече дека ракетните напади врз Виница биле „одобрена воена стратегија“ од рускиот претседател Владимир Путин.

Михаил Подољак рече дека руските сили ги напаѓаат мирните украински градови како Виница, Кременчук, Касив Јар и Харков за да ги принудат Украинците на „мир по секоја цена“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.