Мнозинството Германци веруваат дека со санкциите против Русија, Германија повеќе си штети себеси отколку Москва.
Според истражувањето на јавното мислење на институтот „Форса“, така мислат 51 отсто од анкетираните германски граѓани.
Од друга страна, 39 отсто имаат впечаток дека санкциите не и нанесуваат поголема штета на Германија од Русија.
Дури 66 отсто од Германците изјавиле дека ќе го намалат греењето во текот на зимата, а 33 отсто рекле дека нема да ги променат своите навики.
Мнозинството Германци, односно 58 отсто, го поддржуваат сегашното правило дека во случај на недостиг на гас домаќинствата имаат приоритет во снабдувањето.
Од друга страна, 34 отсто се со став дека тоа не е добро.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.