ЕУ ќе го таргетира руското злато во следните санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија во новата рунда санкции ќе се фокусира на извозот на руско злато, како што беше одлучено на состанокот на Г7 во јуни, изјави денеска еврокомесарот Марош Шевчовиќ на состанокот на европските министри за надворешни работи во Прага.

Loading...

Новата рунда санкции ќе има и за цел да ја затвори можноста за заобиколување на претходните рунди санкции наметнати на Русија поради нејзината војна во Украина, рече европскиот комесар.

ЕУ веќе воведе шест рунди санкции против Русија, вклучително и воведување ембарго на најголемиот дел од руската нафта до крајот на годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ја затворија амбасадата во Киев поради потенцијален напад

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.