Италијанското земјоделство на колена поради сушата

Сподели со своите пријатели

Северна Италија се бори со најголемата суша во последните 70 години, а владата неодамна прогласи вонредна состојба во пет региони поради недостаток на врнежи и високи температури.

Loading...

Од почетокот на годината во северозападниот регион Пиемонт наврнале само 94 милиметри дожд наспроти просечните 376 милиметри.

Само регионот Ломбардија годинава има 61 отсто помалку вода од просекот за периодот 2006-2020 година.

Нивото на водата во езерата е значително намалено, вклучително и езерото Маџоре со 34 отсто помалку вода и Гарда со 48 отсто помалку вода.

Нивото на реката По, чија должина е 652 километри, е намалено за 80 отсто во однос на просекот за овој период од годината.

Се појавуваат нови плажи, но и археолошки остатоци од пред илјадници години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаити: Мештаните и полицијата во заедничка борба против бандите, загинаа над 20 луѓе

На 5 јули, италијанската влада прогласи вонредна состојба поради недостиг на вода во пет региони во северна Италија – Пиемонт, Ломбардија, Емилија-Ромања, Фриули-Венеција Џулија и Венето – и издвои 36,5 милиони евра од својот фонд за итни случаи.

Во дел од планинските предели поради недостиг на врнежи и низок водостој, прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Loading...

Слична е состојбата и во одредени општини на северот од државата. Водоснабдувањето беше прекинато во текот на ноќта, додека во други употребата на вода е дозволена само за лична хигиена и готвење, но забрането е наводнување на растенија или перење автомобили.

Сепак, токму земјоделството се соочува со најтешки последици. Загубите на земјоделците досега изнесуваат околу три милијарди евра.

Она што се случува влијае не само на земјоделските култури туку и на животната средина. Топлината ги загрози земјоделските приноси, пред се на пченката и пченицата и се заканува да влијае на идното производство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Видео кое го обиколи светот: Што се случи со иранската студентка која се соблече до долната облека?

Последиците од сушата и високите температури ги почувствувал и Ѓиѓи Такини (50), земјоделец чии ниви се наоѓаат во областа на општината Санта Кристина е Бисоне, на околу 45 километри југоисточно од Милано.

„Пченката сезонава ја наводнував само еднаш, додека обично четири пати. Последиците се очигледни. Наместо да имаме растенија високи три или четири метри, добивме такви кои се метар, метар и пол. Земјата е толку сува што се појавија пукнатини“, рече тој.

Истото важи и за сојата и оризот, најважните култури на оваа фарма.

„Морам да го напуштам ова поле со ориз, како и другите, поради недостиг на вода. Прво морав да ја намалам сеидбата, а сега и зачестеноста на наводнувањето. Наместо тоа да се прави на секои осум дена, тоа се прави на секои 20. Производството на ориз за оваа следната година ќе се намали за 30 или 40 проценти“, додаде тој, велејќи дека бара помош од државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку едно лице загина во невремето во САД, 450.000 домови без струја

Властите во Ломбардија неодамна побараа од владата на соседна Швајцарија да отвори алпски базени во пограничниот кантон Тичино за да се исцеди водата и да се дозволи наводнување на полињата во долината По. Но, тие одбија, бидејќи алпската земја се соочува со истите проблеми.

Loading...

Тешко дека ситуацијата наскоро ќе се промени, бидејќи во наредните недели се очекуваат високи температури, а врнежите се малку веројатни.