Зеленски: Русија мора официјално да биде призната како терористичка држава

Сподели со своите пријатели

„Ако некој изврши ракетен напад врз медицински центар во Далас или Дрезден, дали тоа ќе се нарече тероризам? Русија мора да биде официјално призната како терористичка држава“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на Телеграм.

Ниту една друга земја во светот не претставува таква терористичка закана како Русија.

„Ниту една друга земја во светот не дозволува секој ден да уништува мирни градови и обичен човечки живот со крстосувачки ракети и ракетна артилерија. Во само еден ракетен напад врз нашиот град Виница загинаа 23 лица. Три деца до десет години. И ова, за жал, сè уште не е конечната бројка. Расчистувањето на шутот е во тек. Десетици луѓе се водат како исчезнати. Меѓу хоспитализираните има и тешко повредени“, рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борбени авиони на НАТО кренати на небото во Полска

 

 

Русија убиваше цивили токму во моментот кога во Холандија, во Хаг, се одржуваше конференција за руските воени злосторства.

„Ниту една друга терористичка организација немаше смелост повторно да убива кога меѓународната заедница разговара за претходните злосторства.

Русија со тоа го покажа својот став кон меѓународното право, кон Европа, кон целиот цивилизиран свет“.

После тоа, нагласи тој, никој не може да се сомнева дека е потребен Специјален суд за руска агресија врз Украина што е можно поскоро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе плаќаме за одбрана

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.