Почна средбата на министрите за финансии и гувернерите на Г-20

Сподели со своите пријатели

Министрите за финансии и гувернерите на банките на земјите од Г-20 во петокот го започнаа состанокот во Индонезија, на кој се очекува да доминираат последиците од руската инвазија на Украина врз глобалната економија, во време кога инфлацијата расте, а изгледите за раст слабеат.

Loading...

„Светот нѐ гледа“, рече на отворањето Шри Мулјани Индравати, министер за финансии на земјата домаќин Индонезија.

„Активностите што ги преземаме ќе имаат многу значаен ефект врз сите народи во светот.“

На индонезискиот остров Бали се одржува дводневен состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки, една недела откако министрите за надворешни работи упатија низа обвинувања за украинската инвазија врз рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брат на претседателката на Перу доби три години истражен затвор во случај на корупција

Првично се очекуваше дискусиите да се фокусираат на тоа како најдобро да се стимулира враќање на економскиот раст по пандемијата на коронавирус, но влијанието на војната во Украина, со кризите со храна и енергија, сега е на врвот на агендата.

„Добро ни е познато дека цената на нашиот неуспех во договорот е повисока од она што можеме да си го дозволиме“, предупреди индонезискиот министер.

„Хуманитарните последици за многу земји со ниски приходи би биле катастрофални“.

Пред состанокот, американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека „најголем предизвик“ за глобалната економија е војната во Украина, нагласувајќи дека „претставниците на режимот на Путин не треба да имаат место на овој форум“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Биткоинот за прв пат надминува 94.000 долари

„Последиците од оваа војна ги гледаме во сите делови на светот, особено во цените на енергијата и зголемената несигурност во храната“, посочи таа.

Се очекува дискусиите на собирот да ја одразат линијата на дивергенција меѓу претставниците на западните земји кои сакаат економски да ја изолираат Москва и големите земји во развој кои се противат на санкциите против Русија, а Кина е на клучна позиција.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов треба да присуствува на состанокот виртуелно, додека неговиот украински колега Сергеј Марченко исто така е поканет да се обрати на состанокот преку интернет.

Со оглед на тоа што се предвидува дека нема да има консензус за причините за актуелните економски проблеми, а одговорноста на Русија, неизвесно е објавувањето на заедничките заклучоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјите членки на Г20 се договорија за оданочување на богатите

Многу земји испратија претставници од пониско ниво на состанокот. Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард ќе учествува од далечина, додека претседателот на Светската банка Дејвид Малпас ќе отсуствува.

Се очекува лично да присуствува и директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, која во средата предупреди на „затемнување“ на глобалните економски изгледи.

На дневен ред на дискусиите, како што е најавено, ќе се најдат решенија за ублажување на влијанието на инфлацијата и прехранбено-енергетската криза врз најчувствителните земји, финансиска вклученост и глобална даночна реформа.