Бројот на загинати во ракетниот напад на руските сили врз Виница, град во централна Украина, се искачи на 17, меѓу кои и две деца, соопшти украинското државно обвинителство.
Околу 90 лица побарале лекарска помош, а меѓу нив околу 50 се во критична состојба, по ракетниот напад во кој беше уништен медицинскиот центар, соопшти полицијата.
Агенциите претходно објавија, повикувајќи се на медицински персонал, дека најмалку 12 лица загинале, меѓу кои едно дете и неговата мајка, додека 50 луѓе биле ранети во нападот на руски ракети врз цивилни објекти и културниот центар во градот.
Нападот на Виница, која е далеку од борбените линии, е извршен сред утрото кога улиците биле полни со луѓе, објави Гардијан.
Како што се дознава, погоден е деловен центар, а неколку автомобили биле запалени. Над градот се издигна густ облак чад.
Според првите информации, во нападот загинале две лица, но подоцна итната помош соопштила дека животот го загубиле 12 лица, а потоа се појавиле нови извештаи дека животот го загубиле 17 лица.
Three russian missiles hit a business centre in the city of Vinnytsia. Casualties among civilians are reported.
Ukraine has already suffered almost 3,000 missile strikes. The supply of sufficient amount of the Western anti-missile systems is long overdue. pic.twitter.com/JghxLuewvO— Defence of Ukraine (@DefenceU) July 14, 2022
„Во Виница е извршен воздушен напад. Има мртви и ранети. Нивниот број се проценува“, изјави регионалниот гувернер Сергиј Бозов, додавајќи дека биле соборени неколку ракети.
Според некои извештаи, седум крстосувачки ракети, лансирани од Црното Море, го погодиле градот додека четири биле пресретнати од украинските сили за воздушна одбрана.
Се покажа дека погодена е зградата „Дом каналиче“ на плоштадот Премегој, концертна сала која датира од времето на СССР, а за која жителите велат дека се користела за културни и социјални настани.
Како што пишува Гардијан, на видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека е уништен покривот на зградата „Канцелариска куќа“, а од другата страна на улицата гори катната зграда, која е идентификувана како Бизнис Центарот Јувилени.
Штета е причинета и на околните ресторани и деловни простории.
По нападот на Виница, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вети дека ќе ги изведе руските „воени злосторници“ пред лицето на правдата за „секоја пролеана украинска солза и капка украинска крв“.
Ракетниот напад врз градот беше извршен во време кога највисоките украински обвинители за воени злосторства и претставници на правосудните органи од различни делови на Европа се собраа во Хаг за да ги координираат истрагите за грозоморните злосторства извршени од почетокот на руската инвазија на Украина.
Конференцијата за одговорност на Украина започна во време кога Русија „изврши уште едно воено злосторство“, напиша Кулеба на Твитер.
„Најмалку едно дете загина меѓу другите жртви во ракетниот напад на Виница. Ќе ги изведеме руските воени злосторници пред лицето на правдата за секоја капка украинска крв и украинска солза“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.