Притвор за рускиот опозиционер Јашин

Сподели со своите пријатели

Во средата, на 13 јули, судот во Москва му одреди притвор на опозиционерот Илја Јашин, кој е обвинет дека ја критикувал руската офанзива во Украина, јавува Радио Слободна Европа.

Loading...

Триесет и девет годишниот Јашин, советник во градскиот парламент во Москва и еден од последните познати критичари на Кремљ кој сè уште е во Русија – по репресијата на симпатизерите на уапсениот опозиционер Алексеј Навални – ќе остане во затвор во најмалку до 12 септември, соопшти судот како одговор на барањето на обвинителството.

Тој е обвинет за „ширење лажни информации“ за армијата, а му се заканува долга затворска казна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

Ширењето лажни вести за руската армија е ново кривично дело, воведено по почетокот на војната во Украина, за кое може да добиете 15 години затвор.

„Не плашете се од овие ѓубриња, Русија ќе биде слободна“, извикуваше опозиционерот во судот по објавувањето на решението за притвор.

Тој на Фејсбук напиша дека е „апсурдно“ да се тврди дека со своите изјави „ги наштетил интересите на Русија“.

Јашин посочува дека ја бранел Русија, „а нејзините интереси ги повредува рускиот претседател Владимир Путин, кој ја вовлече мојата Русија во војна (со Украина), создаде диктатура на крадци и ги заплашува сите што не се согласуваат со него.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена снимка од експлозијата во која загина командантот на Црноморската флота (ВИДЕО)

Околу судот беа собрани десетина луѓе за да му дадат поддршка.

Loading...

Адвокатот на Јашин вчера изјави дека рускиот Истражен комитет отворил истрага против опозицијата за „ширење лажни вести“ за руската војска, што беше еден ден пред Јашин да биде ослободен по отслужувањето на 15-дневната затворска казна.

На 28 јуни Јашин беше осуден на 15 дена затвор за „непослушност кон полицијата“, која ја нарече наместена, а по тој основ требаше да излезе од затвор во среда.

Кривичната истрага против него, за која е приведен, е покрената затоа што на 7 април на Јутјуб зборувал за „убиството на цивили во Буча“ во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон: Одлуката на Бајден е добра, Русија е единствената што носи ескалирачки одлуки овде

Уште еден познат опозиционер, Владимир Кара-Мурза, е во притвор од април под слични обвиненија како оние против Јашин.

На 8 јули, московскиот градски советник Алексеј Горинов беше осуден на седум години затвор поради осуда на рускиот напад врз Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.