Ќерката на Путин доби нова улога и унапредување

Сподели со своите пријатели

Ќерката на Путин, Катерина Тихонова (35), која ја имаше во брак со поранешната сопруга Људмила, има нова работа, пренесува британски Мирор.

Loading...

Таа е новиот копретседател на комитетот кој ја надгледува „замената на увозот“ на стоки во Русија.

Поранешната танчерка веќе подолго време се споменуваше како можен наследник на Путин, а тоа ќе се обиде да го докаже и на новата позиција.

Предизвикот е голем, бидејќи трпат руската индустрија, а страдаат и олигарсите кои се на раководни позиции во големите компании, затоа треба што поскоро да се најде решение…

Нејзината цел, во принцип, ќе биде продолжување на увозот на се што е потребно во Русија, но преку „трети“ земји, со цел да се избегнат наметнати санкции, како и постепено намалување на руската зависност од „западните компоненти“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е тактичко нуклеарно оружје со кое Русија им се заканува на Украина и НАТО сојузниците?

Во прогласот за нејзино именување на новата функција, избегнато е спомнување на семејните врски со нејзиниот татко Владимир.

Таа пред оваа функција беше директорка на Националниот центар за интелектуален напредок, малку позната организација каде што работи, погодувате, преку врските на нејзиниот татко…

Има и бројни позиции во различни одбори, раководеше со фонд кој е „тежок“ речиси две милијарди долари…

Loading...

Во младоста се занимавала со танцување, а сега, изгледа, влегува во светот на политиката.

Очекувано, и таа е под западни санкции.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.