Американскиот Стејт департмент објави дека е запознаен со извештајот на Даса дека проруските бунтовници заробиле американски државјанин кој живеел во Украина.
Суеди Мурекези (35), крипто-инвеститор роден во Руанда, наводно бил уапсен минатиот месец во пристанишниот град Херсон, кој бил заробен од руските сили на почетокот на војната.
Пријателите и семејството велат дека ветеранот на американските воздухопловни сили бил „лажно обвинет дека се приклучил на проукраинските протести“.
Тој, наводно, е во истиот затвор како двајца американски борци заробени минатиот месец.
Стејт департментот во средата соопшти дека е „свесен за овие непотврдени извештаи“, но одби дополнителни коментари.
Семејството на Мурекези секојдневно е во контакт со американските власти, наведува Гардијан.
Весникот пишува дека исчезнатиот Американец живеел во Минесота и поминал осум години во американското воено воздухопловство до 2017 година, кога почнал да инвестира во акции и криптовалути.
Тој, наводно, таму бил привлечен од украинските либерални регулативи за биткоин, а потоа трајно се населил во Херсон пред две години, пишува Гардијан.
Селе Мурекези изјави за весникот дека неговиот брат му се јавил на 7 јули за да му каже дека е затворен во самопрогласената, проруска Народна Република Доњецк, заедно со уште двајца Американци.
Енди Таи Нгоц Хујнх (27) и Александар Друк (39) ја напуштија американската сојузна држава Алабама за да се приклучат на украинската волонтерска единица, а од почетокот на јуни се во заробеништво на територијата под контрола на проруските сили.
За разлика од тие двајца, семејството на Муракези тврди дека тој не учествувал во никакви борби во Украина.
„Тие го користат како пион за свои пропагандни цели“, рече неговиот брат, изразувајќи загриженост дека „Суди може да биде третиран лошо затоа што е црнец“.
Проект Динамо, непрофитна организација со седиште во САД која ги евакуира американските цивили од опасните ситуации во странство, предупреди дека Мурекези може да се соочи со смртна казна во Доњецк.
„Како што разбирам, неговото единствено злосторство е тоа што е Американец“, рече ко-основачот Брајан Стерн.
Минатиот месец, двајца Британци и еден Мароканец беа осудени на смрт од прорускиот суд во Доњецк затоа што се бореле на страната на Украина како платеници.
Тие поднесоа жалба на таа пресуда, но доколку биде одбиена, ќе бидат одведени во стрелачки вод, како што најави еден од проруските лидери во отцепените делови на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.