Украина отфрла мировен договор кој вклучува отстапување територии

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја отфрли можноста за отстапување на територија на Русија како дел од каков било договор за прекин на огнот и нагласи дека не се водат преговори меѓу Москва и Киев.

Loading...

„Целта на Украина во оваа војна е ослободување на нашите територии, враќање на територијалниот интегритет и целосен суверенитет на југот и на истокот на Украина. Ова е незаменлив дел од нашата преговарачка позиција“, рече Кулеба.

„Во моментов нема (мировни) преговори меѓу Русија и Украина поради односот на Русија и нејзината постојана агресија против нашата земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туск до Полјаците: Запомнете, 1.000 дена украинско херојство ја држи војната подалеку од Полска

Во интервјуто објавено пред разговорите во Истанбул во кои учествуваат претставници на Украина, Русија, Турција и ОН, шефот на украинската дипломатија рече дека договорот за обновување на извозот на жито од Украина блокиран од Русија се чини дека е блиску.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.